Искуство изградено
врз високи стандарди.
ЈАНПЛАСТ е семејна компанија основана 2014 година. Од едноставен прозорец до најкомплексната стаклена фасада работиме со едно правило: секој детал мора да ја оправда довербата на клиентот.

Основани сме со едноставна намера: да донесеме европско ниво на изработка и изведба во регионот. Започнавме со мала работилница во Кавадарци и тим со огромна желба за раст и развој.
Денес имаме сопствен производствен погон, обучени монтажни тимови и портфолио со повеќе од 3500 реализирани проекти.
Нашиот принцип останува ист. Создаваме современа столарија преку која добивате долготрајност, додадена вредност на објектот, сигурност и енергетска ефикасност.
Она што нè дефинира.
Испорака во договорени рокови и долгорочна гаранција
Секој проект го завршуваме во предвидениот рок и со јасна долгорочна гаранција на изработка и монтажа.
Сертифицирани системи од водечки европски произведувачи
Користиме материјали и профилни системи од проверени европски брендови со комплетна сертификација.
Современ производствен систем со максимална прецизност
Користејќи современ производствен систем обезбедуваме огромна прецизност во крајниот производ.
10+ години искуство во ПВЦ и АЛУ столарија
Децениско искуство во производство и монтажа на ПВЦ и алуминиумска столарија за секаков тип објект.